Поврзете се со нас

Германија

„Милионерите“ зададоа уште еден удар: Борусија го „украде“ фудбалскиот бисер на ПСЖ

Објавено

на

Борусија Дортмунд се предодреди да купува млади талентирани на фудаблери на кои им ветува голема минутажа и најдобри услови за вистински развој на кариерите, но како клуб кој подоцна заработува многу пари од ваквите зделки, „милионерите“ денеска одново добија една голема и важна битка.

Германскиот бундеслигаш го продаде Џејдон Санчо на Манчестер Јунајтед за сума од 85 милиони евра, но иако планот е да се доведе замена за него, сепак клубот не отстапува од својата филозофија на купување на суперталентирани тинејџери.

Борусија денеска потврди дека успеал да го купи големиот фудбалски бисер на ПСЖ, 16-годишниот Абдулаје Камара кој веќе во неколку наврати беше дел од првиот тим на „светците“ во Лигата на шампионите, иако не доби шанса за настап.

Станува збор за суперталентиран и надежен фудбалер на кого ПСЖ предоцна му понуди нов договор, а сето тоа го искористи Борусија која будно ја следела ситуацијата и која денеска потврди дека го обезбедила неговиот потпис. Камара е последен од ризницата млади таленти кои го избраа Дортмунд како идеална дестинација за следен чекор во кариерата, а воодушевувањето од последната зделка не го криеја водечите луѓе на клубот.

– Камара е играч со огромен талент, се уште е многу млад и регуларно тренираше со првиот тим на ПСЖ, со големи професионалци. Нашите очекувања се дека тој ќе се развива како што треба и ќе го направи следниот и потребен чекор во нашиот клуб, – изјави директор Кел.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни