Поврзете се со нас

Германија

„Милионерите“ тонат во Бундеслигата: Симонс и Опенда му пресудија на Дортмунд (ВИДЕО)

Објавено

на

foto: x.com/RBLeipzig

Борусија Дортмунд игра катастрофална сезона во домашниот шампионат каде оваа вечер го забележа 11. пораз во 26 натпревар.

Подобар од „милионерите“ беше составот на РБ Лајпциг кој исто има доста проблеми во тековнава кампања, меѓутоа се држи подобра од вечерашниот ривал кого го совлада со 2-0.

По еден гол паднаа во двете полувремиња, Симонс во 18 и Опенда во 48 минута стрелаа за 11. славје во Бундеслигата со што „биковите“ со 42 бода се на 5. позиција на табелата и водат жестока битка за местата кои водат во ЛШ.

Дортмунд пак е во вториот дел на табелата или поточно 11 со само 35 освоени бода на 8 кола до крајот.

Standings provided by Sofascore
Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни