Поврзете се со нас

Германија

„Милионерите“ ја одредиле цената за Џејдон Санчо, играчот може да реализира трансфер

Објавено

на

Англискиот репрезентативец и член на Борусија Дортмунд, Џејдон Санчо и ова лето ќе биде меѓу играчите кои ќе бидат топ тема кога во прашање се трансфер случувањата.

За младиот крилен фудбалер повторно се интересира Манчестер Јунајтед, а освен „ѓаволите“ наводен интерес за ангажман на фудбалерот на Борусија Дортмунд има и од тимот на Ливерпул.

Каталонскиот весник „Спорт“ од извори блиски до управата на „милионерите“ пренесува дека Санчо ќе биде пуштен да си оди во летниот преоден рок за сума од околу 80 милиони фунти што и тоа како е прифатлива за заинтересираните клубови.

Манчестер Јунајтед лани сакаше да го купи играчот, но Борусија не отстапи од намерата да го продаде за 120 милиони фунти, сума која од англискиот клуб не сакаа да ја платат.

Пред два дена, спортскиот директор на Борусија, Михаел Цорк истакна дека се подготвени да го пуштат Санчо да си оди затоа што имаат џентлменски договор со англискиот репрезентативец.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни