Милинковиќ-Савиќ: Скудетото? Слушаме за тоа, ама…

sms

Лацио дефинитивно е најпријатното изненадување во италијанската прва лига во оваа натпреварувачка 2019/2020 и ако се суди според досегашните резултати има реална можност да дојде и до титулата во Серија А.

Имено лацијалите по 23 кола се на третата позиција на табелата со еден бод помалку во однос на Јувентус и Интер со тоа што со овие вторите ќе се соочи во недела и со победа во најмала рака може да дојде до втората позиција. Меѓутоа и покрај ваквите резултати во таборот на клубот од Рим се мирни иако признаваат дека веќе може да се слушне зборот Скудето.

-Не очекував на почетокот на сезоната да бидеме толку високо на табелата, ама полека растевме и го менуваме нашиот менталитет. Слушаме дека се споменува зборот Скудето, ама се трудиме да не размислуваме за тоа. Ако бидеме вака блиску при крајот на сезоната, ќе пробаме да го освоиме, меѓутоа ја немаме таа обврска. За нас е најважно да се пласираме во ЛШ, -истакна Сергеј Милинковиќ Савиќ кој проговори и за нивниот следен противник Интер.

-Интер е силен, има многу големи имиња во составот. Играат добро, го добија дербито што им дава крилја. Сепак ние сме домаќини, играме на свој терен и мораме да бидеме агресивни од првата минута, -подвлече популарниот СМС.

Facebook Коментари