Милинковиќ Савиќ се отвори по пропаднатиот трансфер во Јунајтед

sms-1

Сергеј Милинковиќ Савиќ ова лето беше блиску до заминување од Лацио како никогаш претходно, а иако овојпат зелено светло за негов трансфер во Манчестер Јунајтед даде и претседателот Лотито, на крајот „ѓаволите“ одлучија да не ја истераат операцијата до крај откако Пол Погба остана во првиот тим на Солскјер.

Трансферот на Сергеј на „Олд Трафорд“ беше тесно поврзан со заминувањето на Погба во Реал Мадрид, но и покрај тоа што постои шанса ова второто да се реализира до крајот на преодниот рок, факт е дека за Србинот пропадна шансата да заигра за Јунајтед бидејќи англискиот трансфер пазар се затвори во петокот.

– Трансфер пазарот во Премиер лигата се затвори, па така приказната за Манчестер Јунајтед исто така е завршена. Не бев иритиран од тоа што го пишуваа медиумите, бев максимално насочен да бидам добро подготовен за новата сезона која престои. Тука сум каде што сум и веќе не размислувам за трансфер пазарот. Секакви работи беа напишани за моето заминување, но јас добро знам каде моите мисли се насочени и со кој клуб сум се уште под договор, – вели Милинковиќ Савиќ.

Facebook Коментари