Поврзете се со нас

Италија

Милинковиќ-Савиќ: Ќе биде чудно да се игра против Инѕаги, сега тој е наш непријател

Објавено

на

Од 18 часот се игра дербито во Серија А меѓу Лацио и Интер, две екипи кои имаат високи амбции и желба да бидат на највисоките позиции во лигата во оваа сезона.

Овој меч воедно и интересен и поради други причини, неколкуте играчи кои во минатото играа за лацијалите, а сега се дел од „нероаѕурите“. Меѓутоа дефинитивно најспецифичен е моментот на тренерот Симоне Инѕаги кој е легенда на клубот од Рим, прво долго време го носеше дресот на овој клуб како играч за да потоа како тренер одлично си ја заврши работата и донесе неколку Куп трофеи на „Олимпико“.

Минатово лето тој се одлучи за промена и го напушти Лацио за Интер, потег за кој имаше реакции и некои навивачи тоа не му го простија, па ќе биде интересно да се види како ќе биде пречекан во италијанската престолнина.

Сергеј Милинковиќ-Савиќ е еден од играчите кој неколку години играше под водство на Инѕаги, стана лидер и еден од главните играчи на оваа екипа, па признава дека ќе му биде чудно да се соочи со доскорешниот тренер.

-Ќе биде чудно да се сретнеме со Инѕаги. Работевме заедно пет години, но сега тој доаѓа во Рим како противник. Затоа во тие 90 минути тој е непријател и ние ќе се обидеме да земеме се што можеме. По натпреварот ќе го прегрнам, -порача Милинковиќ -Савиќ.

Средбата Лацио-Интер се игра од 18 часот.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни