Поврзете се со нас

Италија

Милинковиќ – Савиќ изведе мајсторија од слободен удар за историја во Лацио (Видео)

Објавено

на

Foto:twitter.com/OfficialSSLazio

Лацио го користи огромниот пад на Интер и попладнево се зацврсти на втората позиција на табелата во Серија А, откако без многу проблеми се справи со Монца и славеше со 0:2.

Тимот на Маурицио Сари од денеска има пет бода повеќе од третопласираниот Интер кој вчера загуби и од Фиорентина, а за тоа се погрижија Педро и Милинковиќ-Савиќ.

Шпанецот го најави триумфот на гостите од Рим во првото полувреме, додека Србинот ги реши дилемите околу трите бода со одличен погодок во вторите 45 минути.

Милинковиќ-Савиќ изведе мајсторија од слободен удар и го матираше голманот на Монца, кој со својата парадад само го разубаве голот на Србинот кој влегува во историјата на Лацио.

За фудбалерот за врска, ова беше 65-ти гол и со тоа стана најдобар странски голгетер во историјата на Лацио.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни