Италија
Милинковиќ-Савиќ го фрустрираше Гасперини, Аталанта се оддалечува од битката за титулата (Видео)

Елиф Елмас поради некомплетирана документација остане неселектиран за денешниот натпревар против Аталанта, па тоа го остави Македонецот без шанса да дебитира во дресот на Торино на гостувањето во Бергамо.
Торино беше еден од ретките тимови кои му нанесоа пораз на Џан Пјеро Гасперини во првиот дел од сезоната, а денеска „биковите“ покажаа дека навистина се незгоден ривал за „Ла Деа“.
Аталанта не успеа да му се реваншира на Торино и остана со само еден освон бод од два дуели со Торино, без оглед на тоа што денеска беше подобар ривал.
Играчите на Гасперини останаа без здив и без доволно свежина по тешкото гостување кај Барселона, па на крајот мораа да се задоволат со реми од 1:1.
Џимсити денеска го отвори резултатот откако претходно му беше поништен гол на Беланова, но Марипан брзо ги врати гостите во игра со гол за 1:1.
Со овој резултат се замина на пауза, а иако Аталанта направи доволно за да постигне втор гол, сепак не успеа да реализира ниту од белата точка. Ретеги ја презема одговорноста во 74-та минута, но Вања Милиниковиќ-Савиќ фантастично интервенираше и го фрустрираше напаѓачот на Аталанта, но истовремено и искусниот Гасперини.
Со овој кикс, Аталанта дополнително се оддалечува од битката за Скудетото, бидејќи Наполи и Интер можат да отидат на плус девет, односно плус шест.
Головите погледнете ги ТУКА
-
НБА4 часа
Лејкерс загуби во разочарувачката шутерска ноќ на Дончиќ, Мареј „експлодираше“ со личен рекорд (Видео)
-
Шпанија23 часа
Познат патот до големото финале: Реал и Барса се избегнаа во завршната ждрепка во Шпанија (Фото)
-
Англија24 часа
Стоунс обелодени каква сериозна порака имал Пеп за играчите на Сити по поразот од Реал
-
Лига на шампиони20 часа
Фан од трибините ја сними еуфоричната реакција на Мбапе по голот за победа на Белингам (Видео)
-
Англија22 часа
Излетот во Дубаи заврши навистина лошо: Артета доби трет тежок удар во битката за титулата (Фото)
-
Свет23 часа
Менди си ја наполни сметката, па си пронајде и нова фудбалска средина (Фото)
-
Англија20 часа
Далот: Јунајтед може да ја освои Премиер лигата под водство на Аморим
-
Англија18 часа
Карагер за провокативниот банер на „Итихад“: Реал се посрамоти, но Сити требаше да покаже класа