Италија
Милинковиќ-Савиќ донел конечна одлука за својата иднина

Сергеј Милинковиќ-Савиќ донел конечна одлука за следната етапа во својата кариера и таа не е поврзана со актуелниот клуб Лацио.
По многу шпекулации изминатите години, српскиот репрезентативец пресекол дека сака нов предизвик и не планира да го продолжи договорот со римскиот клуб.
27-годишниот играч од средниот ред смета дека претстојново лето е вистински момент за трансфер и ќе инсистира на збогување со Лацио, клубот кој веројатно нема да му прави проблеми поради лојалноста изминатите сезони, во кои Србинот добиваше многу понуди од повеќе земји.
Договорот на Милинковиќ-Савиќ истекува во 2024 година, па ова лето ќе биде најоптимална варијанта за двете страни, бидејќи и Лацио ќе може да заработи солидна сума од трансферот.
Србинот е дел од Лацио од 2015 година и веќе има 322 натпревари и 64 гола.
-
Шпанијапред 20 часа
Изненадувањето во стартната постава на Чави: Го чекаме Меси во Барса, не го заслужува третманот кој го добива во Париз
-
Италијапред 21 час
Страмачони го нападна Инѕаги: Нема потреба од барање алиби
-
Формула 1пред 23 часа
Драматично во Ред Бул: Тензичната конверзација меѓу Ферстапен и Перез по крајот на трката (Видео)
-
Англијапред 14 часа
Англија остана без најдобриот играч за дуелите со Италија и Украина
-
НБАпред 17 часа
Портер Џуниор заби преку Јокиќ, па откри што му порача на соиграчот (ВИДЕО)
-
Светпред 15 часа
Направи големо изненадување, па доби „шут карта“: Клосе заработи отказ во првиот тренерски предизвик
-
Балканпред 24 часа
Хрватскиот јунак од СП во Катар со најоригинална објава за Адеми: Ако видиш дека не ги разбираш Кинезите….. (Фото)
-
Шпанијапред 23 часа
Карвахал имаше жесток клинч со третиот голман на Барселона по последниот судиски свиреж (Видео)