Милиметарски прецизно: Бабунски постигна прекрасен гол во Јапонија (Видео)

david babunski

Македонскиот фудбалски интернационалец, Давид Бабунски постигна прекрасен погодок за Јокохама Маринос на денешниот првенствен меч против Церезо Осака.

Поранешниот член на Барселона во 13 минута упати милиметарски прецизен удар од околу 25 метри и ја затресе мрежата за водство на неговата екипа. Меѓутоа во вториот дел следуваше комплетен пресврт, Церезо Осака постигна четири погодоци за конечни на крајот 4-1.

Ова за нашиот Давид беше трет сезонски погодок за Јокохама, првите два ги даде на самиот почеток на кампањата против Урава и Сапоро.

Facebook Коментари