Поврзете се со нас

Италија

Милик: Секогаш сум сонувал да играм за клуб како Јувентус

Објавено

на

Јувентус игра далеку под очекуваното ниво во оваа сезона, но ако мора да се најде некоја светла точка тоа дефинитивно е напаѓачот Аркадиуш Милик.

Полјакот дојде во Торино во летниот преоден рок и остави добар впечаток во досегашниот дел со три погодоци на шест натпревари во сите конкуренции. Милик сака да се докажува, да „гризе“, а една од приините за тоа е што настапува за клуб за кого сонувал како дете.

-Се чувствувам навистина добро со дресот на Јуве на мојот грб. Му реков на мојот агент да не ми пречи освен ако нема конкретна понуда, па по Марсеј-Нант се јави и рече дека Јуве е заинтересиран. Тој одлета на разговори и тоа беше прв пат да дознаам дека навистина има нешто повеќе од обичен контакт.

-Изборот не траеше долго, бидејќи секогаш ми беше сон да играм за клуб како Јуве. Сакав врвен тим уште од мало момче и можеме да ги изброиме ваквите клубови на прстите на двете раце. Ја искористив шансата и немав што да загубам, -порача полскиот репрезентативец кој и во минатото беше блиску до „бјанконерите“.

-Вистина е јас бев блиску до трансфер во Јуве во минатото, но двата клуба треба да постигнат договор. Во тоа време, немаше договор и затоа не отидов во Јуве. Наполи ја одби и понудата на Рома, која нудеше повеќе пари. Тоа беше нивна одлука и јас ја почитував. Среќен сум што сега имам шанса да играм за Јуве, бидејќи ми е чест да се биде во толку голем клуб.

-Забавното е што секогаш кога ќе бев блиску до приселба во Јуве, Шчесни ми се јавуваше. Не знам како дозна за трансферот, но кога се јави сè уште немаше ништо во медиумите, -заклучи летното засилување на калчолигашот.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни