Поврзете се со нас

Италија

Милик по хет-трикот за Јувентус: Не се чувствувам како резерва

Објавено

на

Foto:twitter.com/juventusfc

Аркадиуш Милик максимално ја искористи шансата на вчерашниот куп дуел со Фрозиноне и постигна три од четирите гола во убедливата победа на Јувентус во четвртфиналето.

По натпреварот, полскиот напаѓач добил соодветен третман од медиумите, а добил и прашање за својот став околу статусот кој го има во Јувентус, бидејќи најчесто не е прв избор на Макс Алегри.

– Не се сметам себеси за резервен фудбалер.

– Дури и кога не ги започнувам натпреварите, размислувам за доброто на клубот, помагајќи им и поддржувајќи ги соиграчите. Изборот го прави тренерот, ако не можам да помогнам со голови, се обидувам да помогнам со други елементи.

– Вечерва сум среќен поради хет-трикот, но и поради фактот што тој ни помогна да ја оствариме целта и да се пласираме во полуфиналето, – рекол Милик.

Следен противник на Јувентус во Копа Италија е Лацио, а натпреварите ќе се играат во април.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни