Поврзете се со нас

Италија

Милик официјално потпиша за Олимпик Марсеј

Објавено

на

Олимпик Марсеј вечерва официјално го претстави Аркадиуш Милик како свој нов фудбалер, со што заврши етапата на полскиот фудбалер во Наполи.

Милик беше доведен во калчолигашот во периодот кога тренер беше Маурицио Сари, а по неговото заминување дојде периодот во кој напаѓачот влезе во конфликт со раководството, откако двете страни не најдоа заеднички јазик за продолжување на договорот или трансфер.

Милик беше „замрзнат“ од почетокот на сезоната и не доби можност да настапува во ниту едно натпреварување, па шест месеци пред целосно да му истече договорот бил пронајдено компромисно решение за целата ситуација.

Полскиот репрезентативец во продолжение од сезоната ќе настапува за францускиот прволигаш, а Олимпик ќе плати 8 милиони евра плус 4 милиони евра како евентуални бонуси.

Милик ќе го носи дресот со број 19, а со оваа промена ги задржува реалните шанси да настапи за Полска на претстојното Европско првенство.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни