Поврзете се со нас

Италија

Милик доживеал нов удар во процесот на рехабилитација од сериозната повреда

Објавено

на

Фото: https://twitter.com/juventusfc

Јувентус сезонава се соочи со многу проблеми поради честите повреди на клучните фудбалери, а Душан Влаховиќ е осамен во нападот во отсуство на Аркадиуш Милик.

Полскиот интернационалец нема настап сезонава откако се рехабилитира од посериозна повреда и очекувањата беа дека ќе може да помогне во вториот дел од сезоната, но најновата вест носи нова главоболка за тренерот Тиаго Мота и раководството.

„Скај Спорт Италија“ објави дека Милик заработил мускулна повреда на листот на едната нога и тоа значи дека ќе мора да решава уште еден проблем во обидот да се врати во посакуваната форма.

Јувентус официјално ја нема потврдено новата повреда на Милик, но јасно е дека новата ситуација само ја потврдува потребата од освежувањето во нападот.

Во актуелниот преоден рок, „бјанконерите“ ќе се обидат да го ангажираат Џошуа Зиркзе од Манчестер Јунајтед, а клубот се поврзува и со Коло Муани од ПСЖ.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни