Лига на нации
Милевски: Знаев дека ќе ни биде потешко, Македонија ја оствари најважната цел
Македонија славеше со 1:0 на дуелот со Летонија од Лигата на нации и само ја зголеми предноста во однос на ривалите во својата група, а првото место гарантира место во поелитната и поквалитетна Б дивизија на ова натпреварување.
Селекторот Благоја Милевски може да биде задоволен од триумфот пред домашните фанови во Скопје, а по натпреварот им се заблагодари на репрезентативците за покажаната мотивација и желба да се стигне до нови три бода во групата.
– Им честитам на фудбалерите за трпението и решителноста, стигнавме до тешка, но сепак заслужена победа. Ја остваривме најважната цел, а тоа е пласман во Б дивизијата.
– Знаев дека ова ќе биде поразличен натпревар од тој во Рига, но стигнавме до победата, иако можеби требаше да постигнеме уште некој гол, за порано да ја потврдиме. Тешко е напаѓачите да дојдат до израз кога играте против екипа со толку густа одбрана.
– Нашата одбрана беше на ниво, остваривме уште една победа без примен гол. Сега ни останува да се фокусираме на следниот натпревар, односно дуелот со Фарските Острови, па потоа да гледаме на пласманот и следната фаза, – истакна Милевски на прес-конференцијата.
-
Англија18 часа
Фудбалер на Јунајтед со нова разочарувачка вест: Боли што мора да го напишам ова…
-
Шпанија24 часа
Анчелоти за откровението кое најмногу изненади на последните четири меча: Ќе ми биде тешко да го оставам на клупа
-
Евролига22 часа
Белград ќе чека нова шанса, Ф4 турнирот во Евролигата првпат ќе биде организиран надвор од Европа
-
Светски првенства22 часа
ФИФА ги одреди шеширите за ждрепката за Светското клупско првенство
-
АТП20 часа
Мајката на Циципас: Ѓоковиќ е Босанец, но избрал да биде Србин
-
Шпанија20 часа
Барселона со „петка“ ја прекина лошата серија, фановите воодушевени од асистенцијата на Јамал (Видео)
-
Германија19 часа
Нојер го доби првиот црвен картон во кариерата на Куп дербито со Баер (Видео)
-
Англија23 часа
Мареска: Челси ќе доминира во Англија наредната деценија