Поврзете се со нас

Репрезентација

Милевски: Заслуживме уште најмалку четири бодови во овој циклус

Објавено

на

Македонскиот селектор Благоја Милевски е задоволен од играта на своите избраници против Романија, но не и од епилогот на овој септемвриски циклус во кој нашата репрезентација одигра три средби.

Македонија ремизираше со Ерменија, Исланд и Романија, со што освои три бода, доволни за моментално четврто место на табелата во групата.

– Без разлика што не успеавме да реализираме, сметам дека Македонија досега не играла подобар фудбал.

– Немам замерки за моите фудбалери, одиграа според зацртаното и покажаа одличен фудбал. Единствено што можеме да жалиме се тие 15 минути во Исланд кога имавме психолошки пад.

– Групата е таква што до последното коло нема да е знае кој ќе го освои второто место, имаме слични квалитети со Ерменија и Романија, а ние треба да се концентрираме само на секој нареден натпревар.

– Мислам дека заслуживме уште најмалку четири бодови во овој циклус, – изјави Милевски по дуелот со Романија.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни