Поврзете се со нас

Репрезентација

Милевски: Загубивме два бода, моравме да го добиеме натпреварот

Објавено

на

Македонската фудбалска репрезентација доминираше во најголем дел од средбата на Исланд, но освои само бод на гостувањето, што делува разочарувачки во ситуација кога имавме водство од два гола.

Во таа насока размислува и селекторот Благоја Милевски, кој по мечот истакнал дека неговите фудбалери загубиле два бода во Рејкјавик.

– Завршницата беше тешка за нас, но мора повторно да ја видам пред да коментирам подетално.

– Ова беше тежок натпревар, но игравме одлично седумдесет минути. Противникот го подигна нивото, но ние моравме да го добиеме овој дуел.

– Првиот гол на Исланд предизвика криза во нашите редови, загубивме два бода на ова гостување, – изјавил Милевски по натпреварот кој заврши со резултат 2:2.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни