Поврзете се со нас

Македонија

Милевски задоволен од промените кај неколку играчи: Оставивме зад себе еден од најлошите периоди

Објавено

на

Благоја Милевски го одржа првиот прес во 2025-та година како најава за тоа што следи во месец март, односно стартот на квалификациите за Светското првенство.

Македонската репрезентација ќе го започне овој циклус со натпревари против Лихтенштај и Велс, а после добрите настапи во Лигата на нации, самодовербата во националниот тим е на навистина високо ниво.

Позитивна вест за селекторот Милевски е и тоа што дел од носителите ги променија средините и сега имаат многу поголема минутажа, па тоа дефинитивно ќе биде голем плус за темпирање на формата.

– Списокот горе доле е истиот од Лигата на нации, имаме повратник во Елези, како и еден дебитант, Лука Станковски кој е во добра форма. Поради повреди, Дарко Велковски и Димитар Митровски нема да бидат со нас овој месец. Оставивме зад себе успешни натпревари во Лигата на нации, а сега следат нови квалификации. Не очекуваат два натпревари со сериозни противници, секоја селекција го заслужува нашиот респект.

– Не постојат лесни противници, максимален респект имаме за Лихтенштајн, а потоа ние очекува дуел со Велс кој стана редовен учесник на најголемите натпреварувања. Секој натпревар е приказна за себе, ние како тим се обидуваме да извлечеме максимум и да се докажеме онаму кадешто треба, на теренот, – изјави Милевски и додаде.

– Еден од најтешките периоди оставивме зад себе, тука посебно мислам на минутажата која ја имаа дел од носителите. Клучните играчии имаа проблеми во клубовите, до секогаш доаѓаа и играа, го даваа максимумот. Едноставно пронаоѓаа сили и одиграа речиси перфектно во Лигата на нации. Ме радуваат промените кај дел од носителите, тоа ќе ни донесе позитивна енергија во репрезентацијата, – додаде селекторот.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни