Поврзете се со нас

Европски првенства

Милевски за пеколно тешката група која ја доби Македонија: Таква ни е среќата……

Објавено

на

Македонија денеска беше дел од ждрепката за квалификациите за Европското првенство во 2024-та година, а извлекувањето ни донесе максимално атрактивни противници, но и пеколно тешка група.

Избраниците на Благоја Милевски не успеаја да се изборат за Европско првенство преку полесниот пат (Лигата на нации), па сега главните кваификации ни носат пресметки со двата финалисти на последниот континентален турнир.

Англија е главен фаворит во групата во која се најде Македонија, а во која уште е и Италија која ќе има зошто да бара одмазда против нас по шокот во баражот за Светско првенство. Силна е и селекцијата на Украина, додека фаворити ќе бидеме само во пресметките со Малта.

– Ова е фудбалски предизвик за сите нас. Ја добивме најтешката можна група. Веројатно и сами да биравме, посилни противници немаше да можевме да избереме. Но, ние веќе се навикнавме на ваква среќа.

– Ги добивме финалистите од последното Европско првенство и апсолутни фаворити за првите две места во групата. Се разбира дека ќе ја бараме нашата шанса и ќе се обидеме да останеме конкурентни до самиот крај, а објективните околности ќе покажат дали може да се надеваме на висок пласман. Групата е пеколно тешка, а такви ќе бидат и натпреварите. Наше е да веруваме во себе, – вели Милевски.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни