Поврзете се со нас

Репрезентација

Милевски за двајцата дебитанти во националниот тим: Се надеваме дека ќе се наметнат со квалитет

Објавено

на

Благоја Милевски повика три нови имиња во репрезентацијата за ноемврискиот прозорец во Лигата на нации, од кои двајца се дебитанти, а еден повратник во најсилниот тим.

Сефер Емини се враќа во репрезентативното јато по извонредните изданија кој ги има за својот Сондерјиске, но од друга страна, големо внимание привлекуваат и дебитантските повици кои ги добија голманот Марко Алчевски и бекот Бехар Фета.

– Пред се, сакам да им посакам добредојде во тимот на Алчевски и Фета. Се надеваме дека ќе се наметнат во тимот со квалитетот и потенцијалот кои ги поседуваат. Од редовните играчи, Тихомир Костадинов не е тука поради повреда на ложата, а неизвесни се и Муслиу и Трапановски. Тие се тука со нас, но по викендот ќе знаеме на кого ќе можеме дефинитивно да сметаме.

– Со новите играчи бараме решенија на одредени позиции. Фета доаѓа од У21 репрезентацијата, но и со настапите во клубот се наметна како опција за А репрезентацијата. Ги следиме сите од младинската репрезентација, Марио Илиевски претходно беше со нас, но сега не е повикан.

– Тука работиме како тим и размислуваме како тим. Главна цел е да останеме на првото место после овие два натпревари, сакаме да извлечеме нешто позитивно. Примарна и единствена цел е да завршиме први во групата, – изјави Милевски во најавата за дуелите со Летонија и Фарски Острови.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни