Поврзете се со нас

Репрезентација

Милевски за дуелот со Хрватска: Силен ривал против кој можеме да го провериме нашиот квалитет

Објавено

на

Македонската фудбалска репрезентација утре ќе го одигра првиот од двата планирани контролни натпревари во месец јуни, а противник ќе ни биде Хрватска.

Домаќините се подготвуваат за настап на претстојното Европско првенство и ова ќе им биде прв пријателски натпревар во овој период, а македонскиот селектор Благоја Милевски очекува квалитетен натпревар во кој нашата репрезентација ќе се обиде да ги искористи своите шанси.

– Очекувам еден добар натпревар, кога имате меч против селекција која според мене е топ-5 во светот, со сребро и бронза на последните првенства, со квалитет индивидуален и тимски, ни останува само да уживаме во мечот и да видиме како тим до каде сме.

– Сакаме да ги провериме сите играчи, за да видиме на кого можеме да сметаме во иднина. Се наоѓаме на крај на сезоната, но она кое го гледам во последните денови е дека сите се расположени да го дадат својот максимум.

– Кога играте за својата држава, мора да сте на повеќе од максимумот, така ќе биде и секогаш. Императив е да видиме до каде сме, во која насока и што треба да поправиме пред септемвриксиот циклус“, изјави Милевски.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни