Поврзете се со нас

Репрезентација

Милевски: Велс е најсериозен противник откако сум јас селектор, мораме да бидеме…

Објавено

на

Македонската А фудбалска репрезентација е домаќин на Велс на утрешниот меч на Националната арена „Тодор Проески“ во Скопје, меч на кој целта е да дојдеме до нов позитивен резултат во квалификациите за мундијалот во 2026 година.

Велс е една компактна селекција, селекција која често ја гледаме на најголемите натпреварувања и селекторот Благоја Милевски има огромна почит кон островјаните.

-Велс е најсериозен противник откако сум јас селектор, компактна екипа, силна и не очекува сериозен тест. Противникот е анализиран и ќе мораме да бидеме совршени на тактички план, во тркачкиот дел и максимален фокус ако сакаме да се надеваме на позитивен резултат. Фаворитската улога е кај нив, ама во спортот не секогаш фаворитите победуваат  -порача Милевски кој истакна дека не е лесно да се подготвуваат во овие околности.

-Околностите за жал се тие, се надевам дека никогаш нема повторно да се соочиме со вакво нешто. Сакаме на еден начин да се оддолжиме за жртвите и да го израдуваме овој народ со победа, -истакна селекторот.

Последните дуели со Велшаните ги имаме одиграно во 2013 година и тоа во квалификациите за СП, победивме дома со 2-1, загубивме на гости со 1-0.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни