Поврзете се со нас

Репрезентација

Милевски: Трапановски е на добар пат, жалам за ситуацијата со Велковски

Објавено

на

Селекторот Благоја Милевски повторно се потпира на проверени сили и објави прилично стандареден список за септемвриските предизвици, со тоа што најде место и за еден дебитант.

Милевски во националниот тим за првпат го повика Кристијан Трапановски кој блесна на стартот на новата сезона во Шкотска, но истовремено жали што не може да смета на Дарко Велковски кој има проблем да си пронајде клуб, како и на повредениот голман Дени Илиев.

– Овие фудбалери се фудбалерите кои ги завршија евро квалификациите и кои според мене се најдоброто што го имаме. Овие играчи покажаа дека имаат потенцијал и со нив одиме понатаму.

– Жалам што Дарко Велковски е без клуб и затоа нема да биде во комбинација за настап, а тука нема да биде и повредениот Дени Илиев. Дебитант во националниот тим е Кристијан Трапановски кој заслужи повик поради своите настапи за Данди Јунајтед. Со него имавме разговарано и пред да го реализира трансферот во Данди Јунајтед, но и самиот беше свесен за одредени недостатоци. Со оглед на тоа што знам за каков карактер станува збор, на добар пат е да се наметне и во репрезентацијата, – изјави селекторот Милевски.

– Прв натпревар ни е оној со Фарски Острови, очекувам агресивен и дисциплиниран ривал. Треба да се навикнеме и на моментот што натпреварот ќе се игра на вештачка трева. Го почитуваме ривалот, но мора да ги искористиме сите наши можности за да оствариме победа. Ривалите не се веќе ниавни, уште по ждрепката порачав дека секој тим ќе си ја бара својата шанса за пласман понатаму. Јас само се надевам дека сите играчи ќе останат здрави и помирен сум во овој септемвриски циклус.

– Сите играчи имаа добри подготовки и секогаш подобар месец за собир е септември, отколку јуни. Тој прозорец секогаш ни бил проблематичен, – изјави Милевски.

Реклама
Реклама

Италија

Реклама

Популарни