Лига на нации
Милевски: Со ваква емоција не може да се игра за Македонија
Македонската фудбалска репрезентација освои само бод на првиот меч против Фарски Острови во рамките на Лигата на нации.
Ние имавме свои шанси на пресметката во Торшавн, но исто така и противникот, покажавме слабости и на крајот моравме да се задоволиме со реми од 1-1.
Предводникот на националниот тим, Благоја Милевски не е задоволен од резултатот, но и од емоцијата кај одредени играчи.
-Не сум задоволен од резултатот. Ама противникот е незгоден, игравме на вештачка трева на која не сме навикнати. Првиот натпревар секогаш е тежок, но одиме понатаму, немаме време многу за жалење, не очекува нов меч и крајната цел е првото место во групата.
-Од првото полувреме не сум задоволен. Очекував повеќе од дебитантите од Иљазовски и од Митровски и затоа беа заменети. Кога е во прашање вториот дел можам да бидам задоволен од реакцијата. Меѓутоа ме загрижува еден факт, оваа емоција која ја видов кај одредени играчи, искрено не може вака да се настапува за Македонија, -порача селекторот Милевски.
Следната средба за нас е против Ерменија на 10 септември на националната арена „Тодор Проески“ во Скопје.
-
Италијапред 19 часа
Фабрегас му симна капа на еден играч на Наполи: „Мама миа“, каков фудбалер!
-
Англијапред 20 часа
Ридигер: Само двајца стопери можат да го чуваат Халанд во Премиер лигата
-
Италијапред 21 час
МекТоминеј постигна гол после 25 секунди, Конте почна да ужива во Неапол (Видео)
-
Италијапред 19 часа
Погба со едноставна објава означи победа во „допинг војната“ (Фото)
-
Англијапред 9 часа
Пацерски автогол за фудбалските анали: Голманот на Лидс направи невидена глупост во 97. минута (Видео)
-
Италијапред 7 часа
Конте изненаден од својот Наполи: Да ми кажуваше некој пред три месеци…
-
Шпанијапред 23 часа
Анчелоти детектирал два проблеми со своите играчи од Реал: Свесни сме што треба да направиме
-
Францијапред 22 часа
Евра: 99 проценти е сигурно дека Погба нема да го облече дресот на Јуве, јас веќе му се јавив на Бенатија