Македонија
Милевски со оценка: Впечатоците од натпреварите на екипите од ПМФЛ во Анталија се многу позитивни

Селекторот на македонската А репрезентација, Благоја Милевски во Анталија ги следеше контролните натпревари на клубовите од МФЛ кои своите подготовки за претстојната полусезона ги одработуваа во турскиот туристички центар.
Нашиот селектор заедно со техничкиот менаџер во А селекцијата ги следеше натпреварите на Вардар против грузискиот првак Иберија и унгарски Чаквари, мечевите на Шкендија против Јелимај (Казахстан) и Зорја (Украина), потоа Шкупи против Полонија (Полска) и Септември Софија (Бугарија), контролните натпревари на Струга Трим Љум против Кизилзар (Казахстан) и словачки Михаловце и пресметката на Силекс против Пахтакор (Узбекистан). Покрај тоа, Милевски го следеше и настапот на нашите интернационалци од Борац Бања Лука, Дамјан Шишковски, Бобан Николов и Себастијан Ерара против Кајрат.
-Впечатоците од натпреварите на македонските екипи во Анталија се навистина позитивни. Помалку изненадувачки, но очигледна беше разликата во ритамот на фудбалерите на овие натпревари кои ги следевме, во однос на домашното првенство. Видовме нова енергија, тимски дух, добар ритам и желба за докажување. Се надевам дека тоа ќе го пренесат и на натпреварите од МФЛ. Тоа е нешто што се бара во модерниот фудбал и е неопходно за добар резултат. Ова беа натпревари без резултатско значење, но сепак даваат одредена слика за квалитетот на екипите и индивидуалните карактеристики на фудбалерите. Продолжуваме да ги следиме сите фудбалери кои сметаме дека имаат репрезентативен потенцијал, а нивните настапи се клучни во однос на изборот за место во најдобрата репрезентација, -порача Милевски.
-
Лига на шампиони17 часа
Агуеро си игра со оган: Ако Реал го победи Сити…
-
Лига на шампиони15 часа
Гвардиола и Анчелоти одбраа: Валверде почнува како десен бек за Реал, Пеп изненади со изборот за играч за врска (ФОТО)
-
Шпанија23 часа
Марсело играше со безброј ѕвезди во Реал, но останал посебно изненаден од еден соиграч: Не му се одземаше топката
-
Италија21 час
Колина побара промена на едно важно пенал правило и привлече големо внимание во јавноста
-
Франција23 часа
ПСЖ го издвои генијалниот потег на Кварацхелија: Елеганција во движење (Видео)
-
НБА22 часа
Нова убиствена комбинација: Дончиќ додава, ЛеБрон реализира (Видео)
-
Англија24 часа
Сколс ги посочи најранливите позиции: Потребни се пет нови стартери во Јунајтед
-
Англија16 часа
Сколс за премиерлигашката ѕвезда: Тој треба да оди во подобар и поголем клуб од Арсенал