Поврзете се со нас

Репрезентација

Милевски со мини-револуција во стартната постава ќе брка победа во Торшавн

Објавено

на

Фото:ФФМ

Селекторот Благоја Милевски се решеи да направи мини-револуција во стартната постава и сериозно да ги измеша картите за мечот со Фарски Острови, пресметка која стартува ова попладне во 15:00 часот.

На еден час пред натпреварот во Торшавн, македонскиот селектор го објави стартниот тим со кој ќе брка победа против домаќинот, а мора да се напомене дека почетниот тим е видно изменет од оној последниот против Чешка во месец јуни.

Милевски реши да ги промени бековите и денеска предност во почетните 11 добија Димоск и Иљазовски, првиот на местото на стандардниот Џани Алиоски, а вториот на местото на Ашковски.

Од стартерите во одбрната, местото во тимот од мечот со Чешка го задржа само Висар Муслиу, а денеска покрај него ќе биде и Серафимов.

Костадинов и Атанасов исто така ќе чекаат шанса од клупа на денешниот меч во Торшавн, па така на нивно место во стартниот тим се најдоа Митровски и Чурлинов, што всушност значи дека е изменета и формацијата на нашиот национален тим.

Барди и Алими остануваат како играчи кои ќе го контролираат средниот ред, додека задолжени за случувањата во нападот ќе бидат Елиф Елмас и Бојан Миовски.

Димитриевски, Муслиу, Серафимов, Иљазовски, Димоски, Барди, Алими, Чурлинов, Митровски, Елмас, Миовски.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни