Поврзете се со нас

Репрезентација

Милевски со две промени во составот за дуелот со Исланд

Објавено

на

Македонската фудбалска репрезентација од 18 часот гостува кај Исланд во нов натпревар од мундијалските квалификации, а селекторот Благоја Милевски реши да направи неколку промени во тимот, односно формацијата.

На голот останува Димитриевски, нема промени ниту во дефанзивната четворка, но затоа денеска шанса од првата минута добиваат Стефан Спировски во средниот ред, односно Милан Ристовски во нападот.

Во споредба со дуелот со Ерменија, во првите единаесет ги нема Јаховиќ и Трајковски, а барем во најавата на УЕФА, Милевски започнува со формација 4-3-3.

Македонија: Димитриевски. С.Ристовски, Муслиу, Велковски, Алиоски, Барди, Спировски, Елмас, Чурлинов, М.Ристовски, Костадинов

Исланд: Рунарсон, Саеварсон, Арнасон, Бјарнасон, Тораринсон, Балдурсон, Б.Бјарнасон, Јоханесон, Андерсон, Кјартансон, Гудмундсон

Натпреварот Исланд-Македонија започнува од 18 часот.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни