Поврзете се со нас

Репрезентација

Милевски со дополнителен повик: Шанса добива десниот бек од македонскиот шампион

Објавено

на

Благоја Милевски најави дека ќе има појасна слика за тимот на кој ќе може да располага по крајот на викендот, а како што одминува неделата, селекторот и официјално дозна дека нема да може да смета на Кристијан Трапановски.

Во отсуство на напаѓачот, Милевски смета дека има доволно ресурси кои можат да одговорат во нападот, но затоа реши да ја засили одбраната со дополнителен повик.

Македонскиот селектор повика фудбалер од актуелниот македонски шампион, десниот бек Бојан Илиевски.

Дефанзивецот уште денеска се приклучува на подготовките на македонскиот тим кој почна да тренира во Скопје, па така ќе биде во комбинација за настап за двата меча кои следат.

Македонија ќе го затвори овој циклус во Лигата на нации со два меча на домашен терен, оној против Ерменија и оној против Фарски Острови.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни