Поврзете се со нас

Лига на нации

Милевски: Се исполни тоа што го најавив на вчерашниот прес

Објавено

на

Македонија стави крај на една непријатна серија и победи по пауза од седум меча, а судбината сакаше тоа да биде против селекцијата која последно триумфиравме при крајот на минатата година.

Ерменија повторно немаше решение за најдобриот македонски тим и денеска си замина со пораз во ситуација кога цело второ полувреме го игравме со 10 играчи на теренот, резултат на кој секако е горд и селекторот Благоја Милевски.

Македонскиот предводник на вчерашниот прес најави дека очекува победничко издание на неговите избраници, особено поради фактот што добива позитивен одговор секогаш кога се создава голем притисок од јавноста.

– Сакам само да им честитам на момците, покажаа дека се најдобри кога е најтешко. Секогаш кога имало притисок, овие момци биле на висина на задачата.

– Така беше и денеска, имавме хендикеп и игравме со играч помалку, но бевме решени да го добиеме мечот и го направивме тоа. Се исполни тоа што го кажав пред мечот, сите играчи ја оправдаа довербата. Денеска играа оние кои беа планирани и за Фарски Острови. Во репрезентацијата има 25 фудбалери и ние работиме како тим. Ова е тим и сите сме заедно во ова, без разлика кој е на теренот, а кој не, – изјави Милевски.

 

Реклама
Реклама

Италија

Реклама

Популарни