Поврзете се со нас

Репрезентација

Милевски разочаран од промената на УЕФА: Постои револт и горчина што не ни дозволија да се бориме за ЕП

Објавено

на

Македонската фудаблска репрезентација до 21 година го заврши со победа фантастичниот квалификациски циклус за Европското првенство, кој за крај не доби заслужена награда, односно бараж натпревар за пласман на завршниот турнир.

Поради промената на правилот на УЕФА, односно форматот на средина на квалификациите, второто место на крајот не значеше обезбедување на бараж дуел, па на Европско првенство ќе патуваат само петте најдобри второпласирани, што за жал не беше Македонија во случајот.

Селекторот Благоја Милевски е горд на своите фудаблери кои остварија пет победи, три реми дуели и само два порази од Шпанија, но жали што тој и играчите не добија шанса да се борат за она што го заслужија.

– Драги наши фудбалери, членови на стручниот штаб, драги луѓе во Фудбалската федерација на Македонија, чувствувам потреба да упатам благодарност кон сите што бевте дел од квалификациите за Европското првенство 2021.

Сите Вие имате заслуга за успехот што го направивме. Од срце Ви благодарам. Кај мене постои и револт и горчина заради начинот на кој нѐ ни дозволија да се бориме и да бидеме заедно до крај, но наша заедничка победа е тоа што сте и одважни и храбри и со квалитет на нивото на најдобрите во Европа. Тоа се особини на кои укажував и тоа сте вие. Од нашиот прв собир во Анталија, па се до последниот натпревар против Црна Гора созреавте како личности и како фудбалери, а според она што го прикажавте на терен, стигнавте на нивото кое го посакував. И не застануваме тука. Имаме време и простор за напредок.

– Многу научив и сеуште учам и од вас. Ми беше задоволство да работам со личности и фудбалери како вас. Бидете и остенете луѓе какви што сте. Потрудете се да напредувате како фудбалери. Би сакал, исто така да упатам благодарност до Фудбалската федерација на Македонија, до претседателот Сејдини, Управниот одбор и службите во федерацијата. Оваа репрезентација ги имаше сите барани услови за работа, а тоа е многу важно за остварување на резултат на ниво на најдобрите во Европа. Посебно се заблагодарувам за трите чартер летови кои ни ги обезбедивте и дадовте придонес да освоиме седум од можните девет бодови на крајот од квалификациите. Се надевам дека во иднина само ќе ја надоградуваме заедничката соработка. Ви посакувам добро здравје на сите, – гласи пораката на селекторот Боби.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни