Поврзете се со нас

Репрезентација

Милевски разочаран: Добивме убава шлаканица, време е да го ставиме прстот на чело

Објавено

на

Македонија влезе во лош ритам и 2022-ра година ја завршува со пораз на домашен терен, неуспех кој дефинитивно го налути селекторот Благоја Милевски кој атакуваше на две победи на завршните контролки.

Селекторот извлече позитивни работи од ремито со Финска со резултат 1:1, но денеска испрати предупредување до својот стручен штаб и самите играчи, откако Македонија загуби од Азербејџан во натпревар на кој поведе со 1:0.

Гостите направија пресврт и славеа со 1:3 на арената „Тодор Проески“, што направи да го видиме четвртиот пораз на последните пет натпревари кои ги одигра нашата најсилна селекција.

– Прво и пред се, сакам да му честитам на противникот за победата и одличниот натпревар кој го одиграа. Од некои работи бев задоволен против Финска, денеска имаше нешто позитивно се додека не примивме прв гол, но мора да бидам и искрен.

– Денеска добивме една убава шлаканица, сите треба да го ставиме прстот на чело и да се замислиме дали доволно го почитуваме македонскиот дрес. Кога го велам ова, почнувам од себе, па до сите останати членови во тимот. Ако има нешто позитивно од ова, тоа е фактот што оваа шлаканица доаѓа пред квалификациите за Европското првенство.

– Најмногу ме загрижува што немаме замени за стандардните седум играчи кои не се со нас, но мора да се освестиме. Не сме истите оние кои ги радувавме навивачите и јавноста изминатите месеци и години. Проблемот е кај нас и мора да се освестиме и да се поправиме за квалификациите кои следат, – изјави Милевски.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни