Репрезентација
Милевски пред мечот во Струмица: Вистинска шанса за да видиме со каков квалитет располагаме

По големиот вложен напор кој за жал не донесе резултат против Украина, македонската фудбалска репрезентација ќе биде слободна во најновата рунда во квалификациите за Европското првенство, но тоа не значи дека нашите фудбалери нема да одиграат натпревар.
Федерацијата закажа контролка против Ерменија и натпреварот ќе се одигра утре на „Благој Истатов“ стадионот во Струмица, а денеска најава за истиот дадоа селекторо Благоја Милевски и Елиф Елмас.
– По исцрпувачкиот меч против Украина, планот е на натпреварот против Ерменија да им дадеме шанса на фудбалерите кои треба да го потврдат потенцијалот во репрезентацијата. По тешкиот меч во Прага, ќе видиме колку фудбалерите чувствуваат физички замор. Нема повредени играчи и пред натпреварот ќе одлучиме кој ќе започне.
– Ерменија е добра селекција за контролка, станува збор за репрезентација чиј квалитет расте и овој тим одигра одлични квалификации досега. Ова за нас е одлична можност да го провериме потенцијалот со кој располагаме.
– Можност ќе добијат сите, но ќе одлучиме за минутажата на фудбалерите. Оваа селекција секогаш оди на победа, така ќе биде и утре против Ерменија, – изјави Милевски.
-
Англијапред 20 часа
Невил искрено за Јунајтед: Ова е тажна позиција, се изморив од сопствениот клуб…
-
Англијапред 18 часа
Кин почнува да се сомнева во Сити: Има причина зошто…
-
Светпред 21 час
Емотивен крај: Суарез постигна гол на последниот натпревар за Гремио и го прослави во стилот на Меси (Видео)
-
Англијапред 5 часа
Ширер: Јунајтед има голем проблем во соблекувалната, четворица играчи се откажаа од борба
-
Италијапред 16 часа
Поранешен италијански судија го закачи Мурињо: Голем тренер не ги прави овие работи, ова мора веднаш да престане
-
Англијапред 3 часа
Матиќ ги обелодени двете ѕвезди на Јунајтед кои редовно доцнеле на тренинзите: Останатите бевме бесни
-
Англијапред 23 часа
Конкуренција за Гарначо: Тривела-магија во Англија се издвојува како сериозен кандидат за „Пушкаш“ наградата (Видео)
-
Италијапред 24 часа
Де Лаурентис лудувал по поразот од Интер: Ова е грабеж!