Поврзете се со нас

Лига на нации

Милевски: Прашањето за првото место е решено, но си поставивме уште една цел…

Објавено

на

Македонија утре ја очекува последниот натпревар во овој циклус во Лигата на нации, соочување со Фарски Острови на националната арена „Тодор Проески“ во Скопје.

Средбата се игра од терминот од 15 часот, а во истата ние ќе се обидеме да дојде до нов триумф, петти во оваа конкуренција против селекцијата за која единствено не пронајдовме решение во досегашните натпревари.

Првиот дуел во Торшавн заврши без победник 1-1, пресметка на која бркавме водство на противникот. Меѓутоа секој меч е нова приказна и селекторот Благоја Милевски најави напад на трите бода.

-Фарски Острови покажаа дека во денешниот фудбал нема аутсајдери и се квалитетен тим. Во овие Лига на нации го играат добро, се работи за дисциплинирана екипа, одговорна и доста силна, тркачки одлично подготвена. Нè очекува уште потежок меч од тој со Летонија во четвртокот. Фокусот ни е на нас самите, како ќе изгледаме на теренот и да го завршиме ова издание на најдобар можен начин. Прашањето за првото место е решено, ама ние си имаме свои мотиви, индивидуални и како тим. Си поставивме уште една цел, со што е можно повеќе бодови да бидеме поконкурентни во завршната ранг-листа.

-По последниот меч присутен е замор, со оглед на тоа дека истрчаа доста и одигравме напорна средба. Дополнителен проблем е теренот кој не е во сјајна состојба. Дојдовме до последното скалило и мислам дека момците ќе го дадат последниот атом на силите за да покажат карактер, па со победа да ја затвориме годината. Околу составот, се надевам дека сите ќе останат здрави, па освен Елмас нема да ни недостига никој. Ќе има одредени промени во играта и тимот, -порача Милевски.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни