Поврзете се со нас

Репрезентација

Милевски повика три нови имиња во репрезентативниот тим (Фото)

Објавено

на

Благоја Милевски ретко прави значителни промени во тимот кој самиот го состави низ години, но за овој ноемвриски циклус сепак реши да им даде шанса за докажување на тројца нови фудбалери.

Македонскиот селектор со голема самодоверба влегува во ноемврискиот репрезентативен прозорец после добрите резултати во Лигата на нации, па иако најголем дел од костурот на тимот е оној вообичаениот, за издвојување се трите имиња кои добиваат шанса.

Голманот Марко Алчевски, дефанзивецот Бехар Фета и играчот за врска Сефер Емини ќе ги видиме во националните бои од почетокот на наредната недела, па сега останува да се види и дали ќе добијат минутажа на натпреварите кои следат.

Македонија ќе го заврши овој групен циклус во Лигата на нации со натпревари против Летонија и Фарски Острови, на кои потребен ни е само бод за математички да го завериме првото место.

Нашиот национален тим со тоа ќе обезбеди место во Лигата Б во Лигата на нации, па јасно е дека од наредната година ќе играме во поелитна група во ова УЕФА натпреварување.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни