Поврзете се со нас

Лига на нации

Милевски потврди, против Гибралтар без Трајковски, а веројатно и без Елмас: Наша обврска е да бидеме на ниво

Објавено

на

Селекторот на репрезентацијата на Македонија, Благоја Милевски денеска се обрати пред новинарите во пресрет на утрешниот натпревар против Гибралтар.

Нашите репрезентативци со почеток од 18:00 часот на арената „Тоше Проески“ ќе го пречекаат аутсајдерот во последниот од четирите натпревари од Лигата на нациите за овој период.

Иако се најавени неколку отсуства се освен убедлива победа ќе биде рамно на изненадување на оваа средба.

– Александар Трајковски нема да биде во комбинација поради повреда, а и Елиф Елмас е под знак прашалник. Има уште неколку играчи кои можеби нема да играат поради настинка. Многу од нив се исцрпени поради распоредот.

– Ќе мора да почекаме да видиме во кој состав ќе истрчаме на терен. Сите ќе конкурираат за настап против Гибралтар, па  и Ваљон Етеми кој може да дебитира на оваа средба.

– Наша обврска е да бидеме на ниво и да го дадеме максимумот. Сите мора да се стават во функција на тимот и да бидат на нивото кое се бара од нас. Имаме почит за секој ривал, тоа се однесува и на утрешниот натпревар, но мора да бидеме поконкретни во завршницата, -изјави Благоја Милевски.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни