Поврзете се со нас

Репрезентација

Милевски по ремито со Ерменија: Првото полувреме како пример за идните натпревари

Објавено

на

Македонската фудбалска репрезентација ремизираше со Ерменија на првиот натпревар на кој беше предводена од новиот селектор Благоја Милевски.

Иако македонските фанови посакуваа победа за израмнување на табелата со Ерменците, гостите одиграа солиден натпревар по кој можат да бидат задоволни со освоениот бод во Скопје.

Милевски по средбата истакна дека натпреварувачката форма на голем дел наши репрезентативци не е на посакуваното ниво, а како позитивен пример ја истакна играта од првото полувреме.

– Честитки до моите фудбалери, покажаа како секој треба да се бори за репрезентацијата.

– Сметам дека првото полувреме треба да ни биде пример како да играме во иднина, додека во продолжението ни недостасуваше тоа последно додавање.

– Генерално, задоволен сум од ова издание против Ерменија, иако мора да се подобриме во одредени апсекти, – вели Милевски.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни