Поврзете се со нас

Лига на нации

Милевски по првата победа во ЛН: Резултатот е најважен, се друго е во втор план

Објавено

на

Македонската фудбалска репрезентација ја запиша првата победа во новото издание на Лигата на нации и тоа ја гостувањето кај Гибралтар каде славевме со 2-0.

Ние дадовме по еден гол во двете полувремиња (Енис Барди и Бобан Николов) што беше повеќе од доволно за остварување на посакуваната цел иако на сите во нашиот табор им е јасно дека можеме и мораме да бидиме на повисоко ниво без разлика на тешките услови за игра.

Селекторот Благоја Милевски е задоволен од остварениот резултат, односно се друго стави во втор план.

-Честитки до момците за залагањето, желбата да се оствари победа на ова гостување. Кога се игра во вакви услови, резултатот е најважен, се друго е во втор план.

-Јас и претходно најавив дека ќе има ротации во составот. Илиев бранеше затоа што настапува за клуб во каде се игра на вештачка трева, Серафимов и Тодоровски покажаа дека може да се смета на нив и во иднина. Во вакви дуели најважни се победите, -порача Милевски.

Во овој јунски „прозорец“ ни остануват уште две пресметки, двете во Скопје со Грузија и Гибралтар.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни