Поврзете се со нас

Лига на нации

Милевски: Овие момци стварно не се нормални, заслужуваат поголема почит!

Објавено

на

Македонија ја доби пресметката со Фарски Острови (1-0) и на идеален начин ја заврши оваа кампања во Лигата на нации, циклус во кој беа забележани пет победи во шест натпревари и беше освоено првото место во групата која ни донесе напредок и пласман во Б сегментот во ова натпреварување.

До трите бода на денешниот меч стигнавме преку погодокот на Миовски во второто полувреме, победа која ни носи надеж за бараж на Светското првенство.

Селекторот Благоја Милевски е задоволен од сработеното и притоа порача дека овие момци, група заслужуваат поголема почит.

-Слушам дека сме имале лесни противници, но не се согласувам со тоа. Сите грабат со големи чекори напред. Оној што не гледа квалитет кај овие наши противници не го следи европскиот фудбал. Верувам дека ова е одличен пример како се игра за својата репрезентација и мислам дека заслужуваат поголем почит.

-Овие момци, стварно не се нормални. Од први единаесет, осум немаат минутажа во своите клубови. Таа енергија доаѓа од нивниот карактер, тие не се откажуваат. Не се откажувам од нив, тие не ми даваат да се откажам од нив, -истакна Милевски кој говореше и за ситуацијата со теренот на арената „Тодор Проески“.

-Со оглед на тоа што гледаме кога играме надвор, многу сме назад што се однесува до теренот за игра. Овие момци заслужуваат повеќе, полесно им е на противниците кои се бранат, потешко е за оние кои што треба да креираат. Прв пат го спомнувам ова, но да погледнеме во соседството и да го поправиме тоа. Благодарност до ФФМ за поддршката и логистиката, а за теренот не знам кој е надлежен. Ако беше подобар не значи дека ќе победевме со повеќе голови, но ќе имавме подобра шанса да се бориме за победа. Честитки за играчите, подобрија многу статистики и верувам дека нема да застанат тука, -подвлече селекторот.

Клакштајн: Честитки до Македонија, во вакви тесни натпревари…

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни