Поврзете се со нас

Репрезентација

Милевски: Овие момци се во свој филм кога играат за Македонија!

Објавено

на

Македонската фудбалска репрезентација ќе го затвори овогодинешниот циклус во Лигата на нации со два натпревари на домашен терен, од кои прв е оној против Ерменија кој се игра утревечер.

Избраниците на Благоја Милевски ќе бркаат нова победа против Летонија и влегуваат како апсолутни фаворити, а селекторот не се сомнева дека неговите момци ќе одиграат онака како што секогаш го прават тоа за репрезентацијата.

– Утре играме на домашен терен и не чека сосема поразличен меч од оној во Рига. Мора да влеземе максимално и да ја потврдиме добрата форма во изминатите два месеци.

– Секогаш сум го велел истото, го велам и сега. Овие момци секогаш го даваат максимумот за репрезентацијата, без разлика на проблемите кои ги имаат во клубовите.

– Затоа посебно ги почитувам и респектирам. Тие се во свој филм кога играат за МАкедонија, забораваат на се друго што не им оди во прилог. Ние на секој меч зависиме сами од себе, така ќе биде и утре. Самите одлучуваме за исходот од овој меч, но и за исходот на групата. Целта е да го обезбедиме првото место, – потенцираше Милевски на пресот.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни