Поврзете се со нас

Репрезентација

Милевски остана без Ристовски и Ќамили, неизвесен е настапот на уште еден репрезентативец

Објавено

на

Македонската фудбалска репрезентација деновиве се подготвува за претстојните квалификациски натпревари за СП 2026, а селекторот Благоја Милевски веќе се соочи со први проблеми.

Поради повреди, Милан Ристовски и Лирим Ќамили нема да му бидат достапни на Милевски за дуелите со Велс и Лихтенштајн, па селекторот ќе мора да комбинира без нив на стартот на мундијалските квалификации.

Проблем пријавил и Стефан Ашковски, но неговата ситуација ќе се мониторира дополнително и одлуката ќе биде донесена по дополнителни консултации со лекарскиот тим.

Милевски веќе го повика Давид Тошевски, дополнителна одлука која ќе му овозможи на играчот на Австрија Клагенфурт да биде во комбинација за настап за сениорската репрезентација.

Нашата репрезентација на 22. март гостува кај Лихтенштајн, додека три дена подоцна ќе го пречека Велс во Скопје.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни