Лига на нации
Милевски: Одличната енергија треба да ја пренесеме на терен, имаме јасна цел во Лигата на нации
Македонија утре ќе го одигра првиот натпревар во Лигата на нации и тоа во Торшавн каде ќе ги одмериме силите со селекцијата на Фарски Острови.
Ова е дуел на кој нашата амбиција е да се освојат трите бода против тимот кој минатата година го совладавме со 1-0 на пријателската средба која се одигра во Скопје.
Сега мечот има поинакво значање, а селекторот Благоја Милевски очекува да го покажеме квалитетот, енергијата и да се дојде до првата победа во групата 4 во која се уште репрезентациите на Ерменија и Летонија.
-Првиот натпревар е секогаш е тежок. Фарски Острови е квалитетен, дисциплиниран противник и имаме максимална почит кон нив. Сепак, наша цел е прво место во групата на Лигата на нации. Треба да бидеме на својот максимум за да не зависиме од играта на противникот. Во минатото издание на Лигата на нации, Фарски Острови ја победија Турција, а тоа не е мала работа.
-Временските услови се такви какви што се. Не е лесно да се адаптирате од 35 на десетина степени. Затоа дојдовме ден порано и верувам дека ќе бидеме спремни. Мислам дека ќе се прилагодиме на сите услови и ќе го наметнеме нашиот квалитет“
-Противникот е добро организиран, дисциплиниран и мора да бидеме на исто ниво и подобри што се однесува до динамиката на игра, агресивноста и желбата, за да дојде нашиот индивидуален квалитет до израз. На овој собир гледам одлична енергија и тоа треба да го пренесеме на терен, -порача Милевски.
-
Евролига7 часа
Тринкиери: Везенков треба само да го погледне судијата и добива две слободни фрлања
-
Шпанија20 часа
Мерино за талентираниот Јамал: Ова е фудбал, има…
-
Свет23 часа
Маскерано: Ако Меси беше дефанзивец…
-
Англија22 часа
Сити добива нов директор: Поранешен португалски репрезентативец ќе го убедува Гвардиола да остане на „Итихад“
-
АТП23 часа
Ѓоковиќ и Федерер имаа блиска средба во Шангај: Кај си стари? (ВИДЕО)
-
Македонија21 час
Алкалоид со нова „40-ка“ до „седум од седум“ во Суперлигата
-
Италија19 часа
Леонардо посочи кои два клуба се во најдобра позиција за титулата во Серија А
-
Италија8 часа
Пато открива тепачка од тренинг центарот: Најмирниот играч на Милан го преврте Ибра како мало дете