Поврзете се со нас

Македонија

Милевски ново име во редовите на Брера (ФОТО)

Објавено

на

foto:www.facebook.com/fkakademijapandev

Екипата на АП Брера доведе уште едно засилување пред продолжението на оваа сезона-тоа е Михаил Милевски.

Се работи за 22-годишен играч кој може да покрие повеќе позиции на теренот. Последниот ангажман го имал во редовите на второлигашот Новаци, а во досегашната кариера бил дел и од Охрид, Пелистер, Пехчево и Младост Клоштар Подравски од Хрватска.

Составот од Струмица пролетниот дел од шампионатот ќе го започне од осмото место на табелата, а пак во Купот ќе се обиде да дојде до самата завршница, односно да го мине четвртфиналето во кое за ривал ќе го има Арсими.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни