Поврзете се со нас

Репрезентација

Милевски: Некои промени во репрезентацијата се неизбежни!

Објавено

на

Како што најави на денот кога и официјално ја презема најсилната фудаблска репрезентација на Македонија, новиот селектор Благоја Милевски вклучи неколку нови имиња и повика поранешни членови од селекцијата, сето тоа како прв бран од промените кои се неизбежни по историскиот успех кој го направи неговиот претходник Игор Ангеловски.

По повлекувањата на важни играчи како Горан Пандев, Иван Тричковски и Крсте Велкоски, Милевски ги повика Дејан Илиев, Адис Јаховиќ, Никола Ѓоргев и Стефан Ашковски кои се повраници во репрезентацијата, додека прв повик добија Бојан Миовски, Никола Серафимов и Тодор Тодороски.

Во пресрет на првиот собир кој е закажан за оваа вечер во Скопје, Боби уште еднаш нагласи дека сите стартуваат еден нов репрезентативен предизвик, во кој промените ќе бидат круцијални за новиот изглед кој треба да го добие селекцијата.

– Започнуваме нов репрезентативен предизвик и се радувам на собирот и деновите кои ни следуваат. Подготовките се кратки и мора да ги искористиме максимално. Ја знаеме нашата цел, знаеме со што располагаме и одиме да го потврдиме квалитетот. Некои промени се неизбежни, но не стравувам. Напротив, јас стојам зад репрезентацијата и фудбалерите и имам мотив и енергија да работиме квалитетно, максимално професионално и да бидеме конкурентни.

– Јас сум селектор и притисокот е врз мене. Фудбалерите мора да продолжат да веруваат во себе и во својот квалитет. Нашата заедничка цел е борба до крај во тековните квалификации, создавање група во која тимот, а не индивидуалци ќе бидат најбитни. Крајна цел е да направиме се за да бидеме конкурентни за настап на следното Европско првенство.

– Го познавам тимот, знам дека имаме амбициозни и талентирани фудбалери, но и играчи со квалитет и искуство кои сеуште се гладни за нов, голем резултат. Освен тоа, имаме неколкумина репрезентативци кои влегуваат во најдобрите фудбалски години од своите кариери, а нивниот пристап ми говори дека македонската репрезентација ќе биде во одлични раце по повлекувањето на неколкумина фудбалери, – вели Милевски пред пресметките со Ерменија, Исланд и Романија во квалификациите за СП.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни