Репрезентација
Милевски не стравува од разиграниот Кварацхелија: Не отстапувам од концептот

Македонската фудбалска репрезентација утре ќе гостува во Тбилиси на натпреварот против Грузија и ќе мора да брка победа од три гола, бидејќи само така избраниците на Благоја Милевски ќе имаат шанси за првото место во групата во Лигата на нации.
„Рисовите“ претрпеа тежок пораз на домашен терен во јуни, па иако разликата во квалитет ниту одблиску не беше толку голема, поразот од 0:3 ги прави работите доста комплицирани, но не и невозможни според македонскиот селектор Благоја Милевски.
И покрај сите нови проблеми со повредени фудбалери и важни отсуства во тимот, Милевски останува оптимист пред дуелот, потенцирајќи дека воопшто немале да доаѓаат во Грузија ако не верувале во три бода и голема победа.
– Македонија имаше многу силен тим во квалификациите за претходното Европско првенство, но и во квалификациите за Светското првенство. Сепак, овој циклус во Лигата на нации го почнавме со доста проблеми, многу повредени играчи и бевме приморани да менуваме во тимот. Тимот е во фаза на обнова, имаме многу млади играчи, а добро е што се уште имаме шанси да завршиме први во групата. Знаеме дека ќе биде тешко, но ќе дадеме се од себе за да ги задржиме шансите за прво место во групата. Грузија игра поразлично од порано, но ние дојдовме тука за да ги минимизираме грешките кои ги направивме во Скопје. Не заслуживме да загубиме на тој натпревар, но фудбалот е таков, не секогаш победува најдобриот. Дојдовме тука за да победиме.
– Без оглед на противникот со кој играме, јас секогаш се фокусирам на мојот тим, не отстапувам од концептот. Најважно е како ќе игра мојот тим на теренот. Грузија има извонредни играчи како Квича Кварацхелија, но сепак јас се фокусирам на тимот, а не на поединци. Ја анализирам Грузија соодветно како тим, го проучувам противникот во целост, а не поединечно, – нагласи Милевски.
-
Светпред 24 часа
Уругвајците добија жестоки казни за нивното лудило на СП (ВИДЕО)
-
Евролигапред 22 часа
Обрадовиќ во свој стил: Победивме, ама сме премногу глупави
-
Македонијапред 22 часа
Алкалоид договори уште еден македонски репрезентативец
-
Светски првенствапред 23 часа
Франција ја надигра Шведска и ќе се бори за златото на СП
-
Шпанијапред 13 часа
Главниот оперативец на Атлетико распали по Реал: Истото се случува со децении и веќе никој не е изненаден!
-
Германијапред 23 часа
Унгарецот во елемент: Собослаи со две мајстории донесе победа за Лајпциг (ВИДЕО)
-
Англијапред 23 часа
Аке му пресуди на Арсенал, Сити оди во осминафиналето на ФА Купот (ВИДЕО)
-
Шпанијапред 9 часа
Бразилецот „украде“ магија од „Ил Феномено“: Реал со оригинална преработка го збогати ремек-делото на Родриго (Видео)