Поврзете се со нас

Светски првенства

Милевски не се предава и покрај тешкиот бараж: За исходот на натпреварот во голема мера ќе се прашуваме и ние

Објавено

на

Селекторот на македонската фудбалска репрезентација, Благоја Милевски со оптимизам ги дочека вестите од Цирих каде беше извршена ждрепката за бараж натпреварите за пласман на Светското првенство во Катар.

Македонија во полуфиналниот натпревар ја доби селекцијата на Италија, аткуелен европски шампион, а доколку ја минеме таа пречка ќе следи финален натпревар за пласман на Мундијалот против подобриот од селекциите на Португалија и Турција.

Милевски посочи дека во модерниот фудбал аутсајдери има само на хартија и дека и Македонија ќе се прашува за конечниот исход за натпреварот со Италија.

– Во денешниот фудбал аутсајдери има само на хартија. Сето она што се случува на терен е сосема друга приказна. Според рејтингот, Италија е фаворит, но на терен за исходот на мечот во голема мера ќе се прашуваме и ние, -изјави Милевски кој потоа упати само пофални зборови за „аѕурите“ и нивниот селектор.

– Имаме голема почит за противникот и за нивниот селектор. Многупати сум напоменал дека го ценам како селектор и како тренер. Сметам дека е најзаслужен за европската титула на Италија. Под негово водство, сведоци сме на една нова, модерна фудбалска Италија која ги надминува стереотипите базирани само на дефанзива. Играат сосема поинаков фудбал, тоа ги отежнува работите за сите нивни противници, сега и за нас се разбира, но мора да се прилагодуваме на предизвиците, -заврши Милевски.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни