Поврзете се со нас

Репрезентација

Милевски не го менува тимот: Проверени сили, плус еден дебитант и двајца повратници (Фото)

Објавено

на

Благоја Милевски не го менува тимот кој победува, па во тој поглед оди и првиот список кој го објави во каленадарската 2025-та година.

По извонредниот настап на репрезентацијата во Лигата на нации и освоеното прво место, Милевски планира да им даде континуитет на играчите кои ја оправдаа довербата, па за овој мартовски циклус повика само двајца други фудбалери.

Лука Станковски кој игра во одлична форма во српската лига во Раднички доби дебитантски повик во најсилниот национален тим, додека повратник во репрезентацијата е Агон Елези.

Покрај фудбалерот на Горица, после извесно време повик од Благоја Милевски доби и голманот Дени Илиев, па така селекторот ќе смета на четворица чувари на мрежата за овој мартовски прозорец.

Милевски првата прозивка ќе ја има во понеделник после собирот во хотелот Хилтон, по што ќе почнат подготовките за првиот предизвик од квалификациите за Светско првенство.

Македонија прво гостува кај Лихтенштајн на 22-ри марти, додека три дена подоцна на домашен терен го пречекува Велс.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни