Поврзете се со нас

Репрезентација

Милевски: Напредуваме со вакви натпревари, не очекува различен противник од Хрватска

Објавено

на

Македонската сениорска фудбалска репрезентација ќе ги одмери силите со Чешка на пријателскиот меч кој е закажан за утре во Храдец Кралове.

Чесите се подготвуваат за настап на Европското првенство и веќе забележаа убедлив триумф против Малта од 7-1 во првата контрола во овој период, но сега следи соочување со „црвено-жолтите“ кои пак пред неколку дена загубија од Хрватска во Ријека.

Селекторот Благоја Милевски знае каков ривал имаме пред нас, но верува дека со вакви натпревари како и со оној против Хрватска ќе можеме да напредуваме како екипа.

-Работевме на освежување на тимот, задоволен сум тоа што сите се здрави, освен како што знаеме Енис Барди не може да биде со нас. По тренингот кој го имаме, сите работи околу составот ќе ги оставиме за потоа. Се надевам дека сите ќе бидат спремни да се стават на располагање за она кое не очекува.

-Кога сте учесник на едно Европско првенство, тоа е доволен доказ за квалитет. Чешка покажа дека е квалитетна репрезентациај со извонредни играчи од Премиер лгиата, Бундеслигата и Серија А, но имаат и голем број на домашни играчи од квалитетна лига низ која ја црпат базата за А-репрезентацијата. Не очекува противник сосема различен од типот на Хрватска.

-Неслучајно ги прифативме овие покани за пријателски натпревари, затоа што лично мислам и уверен сум дека ние како тим и репрезентација може да напредуваме ако играме тип на мечеви со поквалитетни ривали од нас, за да го видиме нашиот реален квалитет и домет во моментов.

-Од некои моменти не бев задоволен со Хрватска, пред се од второто полувреме, треба да ги елиминираме. Говорам за оние аномалии за трпението, системот и тактичката дисциплина. Физичката подготовка е фактор број еден за да бидете на ниво цели 90 минути, но што е, тука е. Одиме да го извадиме максимумот, иако сме свесни дека е крај на сезоната и заморот е присутен кај играчите, како и проблемите кои ги имаат дел од играчите во клубовите, -порача Милевски на денешната прес-конференција.

 

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни