Поврзете се со нас

Лига на нации

Милевски направи три измени: Почетниот состав на Македонија за дуелот со Бугарија (ФОТО)

Објавено

на

Од 20:45 часот се игра дуелот меѓу Македонија и Бугарија во рамките на 6. коло во Лигата на нации, натпревар за кој селекторите Благоја Милевски и Младен Крстајиќ ги избраа играчите со кои ќе истрчат на националната арена „Тодор Проески“ во Скопје.

Милевски се одлучи да направи три измени во почетната постава од пресметката со Грузија во Тбилиси, па така тука се Трајковски, Тодороски и Бејтулаи на местата на Велковски, Ашковски и Спировски.

На голот е Димитриевски, како стопери ќе играат Зајков и Муслиу, додека останатите позиции се пополнети со Елмас, Алиоски, Барди, Ристовски и Миовски.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни