Репрезентација
Милевски: Медицинскиот тим ќе ја одреди стартната постава

Македонската фудбалска репрезентација ќе брка три бода и победа на гостувањето во Та Кали, каде утре ќе се игра квалификацискиот меч од шестото коло против селекцијата на Малта.
Македонија победи на првиот меч во Скопје со резултат 2:1 и влегува како фаворит во овој дуел, но Благоја Милевски е свесен дека Малтежаните ни направија големи проблеми на „Тодор Проески“, па очекува силен отпор и утре.
Селекторот вели дека мечот со Италијанците е архивиран и оставен зад нив, бидејќи сега следи најважниот натпревар за Македонија во овој квалификациски циклус.
– Италија ја оставивме зад нас и веднаш по завршувањето на мечот ги почнавме подготовките за Малта. Малта и во Скопје ни покажа дека е квалитетна и организирана селекција.
– Играат борбено и агресивно и ни направија проблеми во Скопје. За жал, утре нема да сметаме на Димитриевски. Плативме данок за теренот во Скопје, но верувам во Шишковски и сите кои се тука. Лекарскиот тим ќе го има последниот збор за стартната постава, тука се и Адеми, Несторовски, Трајковски и Велковски, – изјави Милевски.
-
Балканпред 19 часа
Ден за историја: Регионалните гиганти Партизан и Хајдук објавија рекордни бројки
-
Шпанијапред 5 часа
Невидена сцена од топ 5 лигите: Разголена танчарка во ВИП ложата на натпревар на кој играше Барселона (Видео)
-
Шахпред 5 часа
Шахистите на „Алкалоид“ петти во светот, сребрен медал за Недев на втората табла
-
Шпанијапред 9 часа
Контроверзен момент и многу тензија во Памплона: Осасуна израмни против Атлетико, судијата ги разбесни домаќините (Видео)
-
Шпанијапред 10 часа
„Синдромот Гати“ се префрли и во Шпанија: Играч на Алавес си даде автогол од 30 метри, противниците го тешеа (Видео)
-
Шпанијапред 23 часа
Тебас смета дека Барселона заслужува да и бидат одземени бодови ако е виновна во случајот „Негреира“
-
Италијапред 10 часа
Мурињо по најлошиот старт во неговата тренерска кариера: Ни недостасува играчот кој лани направи многу грешки
-
Англијапред 20 часа
Макелеле се збогуваше со фановите на Челси: Време е за нов предизвик