Поврзете се со нас

Репрезентација

Милевски: Ме радува тоа што репрезентативците имаат сериозна минутажа во своите клубови

Објавено

на

Македонската сениорска фудбалска репрезентација ќе има два предизвици овој месец, контролни мечеви со Молдавија и Црна Гора во Молдавија.

Ова се два теста закажани за 22 и 25 март, натпревари за кои селекторот Благоја Милевски има подготвено поширок список од 27-28 фудбалери.

-Подолг период сме без репрезентативни активности, но ФИФА термините се исти за сите. Секако дека ни недостасува почесто да имаме собир со фудбалерите за да го реализираме она што е замислено и посебно за воигрување на тимот за тоа што не очекува во септември.

– Постојано сме во комуникација со фудбалерите. Ме радува тоа што поголемиот дел од репрезентативците имаат сериозна минутажа во своите клубови, но има и такви што немаат доволно минути во клубовите. Она што е важно, сите се здрави и без проблем со повреди, -порача Милевски кој за овој собир и во иднина нема да може да смета на Аријан Адеми кој реши да стави крај на репрезентативната кариера.

Нема повеќе да игра за Македонија: Адеми поради лични причини ја заврши репрезентативната кариера

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни